24 юли 2007 г.

Тинејџер блогер кој што ги скрши митовите за бугарските Турци

Едно турско девојче го користи интернетот за да им опише на своите сонародници како изгледа животот на мост помеѓу две различни култури.

Красимир Крумов, Шумен

„Научив дека ако се оптоварувам со тоа дека сум различна, нема ништо да постигнам“, пишува Назиме во еден од нејзините блогерски текстови потпишани со името Егзилија.„Почнав да откривам дека во ова може да има добра страна. Знам еден јазик повеќе и две култури одблизу, а јас сум секогаш некаде во средината“, додава таа.Назиме Халим има 18 години и живее во Каспичан, мало градче во североисточна Бугарија. Како што кажува и нејзиното име, таа припаѓа на бројното Турско малцинство во Бугарија. Но во нејзиниот блог, во кој што пишува за немирите на тинејџерската љубов, за пријателството и разочарувањата, таа се потпишува со името Егзилија, кое смета дека и прилега.Како припадник на помладата генерација Бугарски Турци, Назиме ја наследила колективната историја на нејзиното семејство и заедница. Во исто време, како што истакнува во својот блог, таа живее во просторот кој е помеѓу двата јазика, двете религии и култури. Па дури и меѓу двете земји. Нејзиниот блог е еден од начините да се движи низ тој простор. (пълният текст ТУК)

Красимир Крумов е дописник од Шумен за националниот дневен весник „Монитор“.
Овој напис е објавен со поддршка од Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и е дел од специјалниот пакет „Малцинствата во Бугарија“.

Б.а. Това е статията ми за BIRN, която е излязла докато бях в отпуска, на македонски, при проблеми с превода изберете версия на английски, румънски, сърбо-хърватски или български ;-)

2 коментара:

Анонимен каза...

Абе, Краси, кво ни занимаваш с разни извънземни? Я, погледни кво става в Общинския медиен център - нали обичаш да пишеш клюки за своите колеги - там сега е златната ти мина!

Анонимен каза...

bookmarked!!, I really like your blog!

Review my website - htc evo design 4G цени